четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 6
home Фудбал

СПОРТ: Реал започнува „пеколен“ план за доведување на Нејмар (ФОТО)

СПОРТ: Реал започнува „пеколен“ план за доведување на Нејмар (ФОТО)

Шпанскиот „Спорт“ пишува дека Реал се вратил во трката за доведување на Нејмар, на насловната страница стои „Аларм од Мадрид“, алудира на обидот на „кралевите“ да го донесат репрезентативецот на Бразил.

Флорентино Перез е човекот кој инсистира Нејмар да стане „крал“, за тоа има план кој ќе го донесе Бразилецот во Мадрид.

Нејмар не се појави на првиот тренинг на ПСЖ, извесно  е дека не сака да продолжи со шампиониот на Франција, започна „сапуницата“ каде ќе потпише , засега многу дилеми и шпекулации,  речиси извесно  е дека се враќа во Шпанија.

Перез според „Спорт“ од Шпанија е во интензивни контакти со таткото на Нејмар, подготовен е да плати повеќе од Барселона која засега понуди 100 милиони и еден играч, ПСЖ сака само пари и ништо друго. Предноста на Реал се милионитеи желбата да ја победи Барселона на трансфер пазарот.