среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 22
home Фудбал

Според букмејкерите, познати се главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите

Според букмејкерите, познати се главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите

Новата сезона во Лигата на шампионите стартува вечерва, со натпреварите од првото коло. Две пресметки од 18:45 часот ќе означат официјален старт на елитното натпреварување во Европа.

Пред секоја сезона, букмејкерите според актуелните состави прават квоти за фаворити за титулата. Веројатно очекувано, Пари Сен Жермен по доведувањето на Меси, Рамос, Донарума, Хакими и Вајналдум е прв фаворит. По него според букмејкерите е Манчестер Сити на Пеп Гвардиола, кој ќе игра во групата со ПСЖ. Зад нив најблизу е Баерн Минхен, па следат Ливерпул, Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед…

Главните фаворити за трофејот во Лигата на шампионите:

ПСЖ – 4,00
Манчестер Сити – 4,50
Баерн Минхен – 8,00
Ливерпул – 10,00
Реал Мадрид – 12,00
Челзи – 15,00
Манчестер Јунајтед – 17,00
Барселона – 20,00
Јувентус – 20,00
Атлетико Мадрид – 25,00

Сепак, многу често овие „пресметки“ пред стартот на натпреварувањето не значат ништо. Минатата сезона, Челзи од сенка се искачи на тронот во Европа, исфрлајќи го Реал Мадрид и победувајќи го Сити на Пеп. Така, „сините“ ќе бидат мотивирани одново да имаат респектабилен настап во елитното натпреварување, а тука е и Манчестер Јунајтед кој со Кристијано Роналдо ќе цели на сите можни трофеи.

Локални избори 2021