сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Споменик сер Алекс Фергусон ќе добие споменик пред стадионот на Абердин

Споменик сер Алекс Фергусон ќе добие споменик пред стадионот на Абердин

Легендарниот шкотски фудбалски тренер сер Алекс Фергусон ќе добие споменик пред стадионот „Питодри“ како признание за неговиот успех со екипата на Абердин во текот на 80-те години од минатиот век.

Фергусон го предводеше Абердин од 1978 до 1986 година, пред да се пресели на клупата на Манчестер Јунајтед.

Со Абердин освои три шампионски и четири куп титули во шкотскиот фудбал, а триумфираше и во Купот на победниците на куповите на УЕФА. Фергусон по преселбата во Манчестер освои со „црвените ѓаволи“ 38 трофеи.

– Воодушевен сум и почестен со ова признание. Во Абердин минав фантастичен и незаборавен дел од мојата тренерска кариера, изјави 79-годишниот Фергусон за официјалниот сајт на Абердин.

Коронавирус