сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 60
home Фудбал

Спектакл со седум гола и бронзен медал за САД на Андоновски

Спектакл со седум гола и бронзен медал за САД на Андоновски

Влатко Андоновски ја водеше репрезентацијата на САД до бронзениот медал на фудбалскиот турнир во Токио. Во мечот за трето место, американскиот тим беше подобар од Австралија (3-4).

Двата табори одиграа опуштено и со многу голови. Веќе на паузата беа постигнати четири погодоци, три во мрежата на австралиските фудбалерки.

Рапино двапати се запиша во листата на стрелци и беше најдобра поединка на теренот во првото полувреме. Кер го постигна единствениот гол за Австралија, а во надополнувањето бронзениот медал го најави Лојд. Истата фудбалерка зголеми на 1-4, па веќе се знаеше името на победникот на овој меч.

Австралијанките само ја ублажија негативата со погодокот на Форд во 54. минута. Од тој момент темпото на игра падна, а Гиелник во финишот намали на конечни 3-4.

Утрешниот ден го носи големото финале во кое за златниот медал ќе се борат Шведска и Канада.

Коронавирус