сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 93
home Фудбал

Специјалист ќе процени колку е лоша повредата на коленото на Ван Дајк

Специјалист ќе процени колку е лоша повредата на коленото на Ван Дајк

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк се повреди на натпреварот од 5. коло во Премиер лигата против Евертон (2-2). По натпреварот, фудбалерот отиде во болница, каде го сликаа повреденото колено. Тој ја напушти болницата со патерици.

Сега Холанѓанецот треба да посети специјалист кој ќе ја процени комплексноста на повредата, пренесува „ESPN“.

Претходно беше објавено дека на Ван Дајк му е дијагностицирана руптура на предниот вкрстен лигамент. Обновувањето на играчот ќе трае 7-8 месеци. (МИА)

Коронавирус