четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Фудбал

Спалети во лошиот терен ја најде причината за поразот од Сасуоло

Спалети во лошиот терен ја најде причината за поразот од Сасуоло

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, по синоќешниот пораз од Сасуоло (1:0) во 1.коло од Серија А, рече дека лошиот терен имал големо влијание на крајниот исход.

– Домаќините играа на контра напади. Беа концентрирани на одбрана и тешко е да се игра против такви екипи. Посебно тоа се однесува на овој натпревар, бидејќи теренот беше многу лош за игра „од нога на нога“. Сасуоло не создаде некои шанси, туку пеналот го одлучи победникот, изјави Спалети.

Интер важеше за голем фаворит со оглед на засилувањата во трансфер рокот. Еден од новите играчи е и Бразилецот Далберт.

– Далберт не се движеше доволно брзо. Тој сигурно може подобро и очекувам тоа да го покаже на следните натпревари, додаде тренерот Спалети.

Коронавирус