недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Фудбал

Спалети си оди од Интер

Спалети си оди од Интер

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, може да го напушти тимот на лето, објави „Газета дело Спорт“.

Управата на клубот може да го разреши 59-годишниот италијански фудбалски стручњак по завршување на сезоната, најмногу поради раната елиминација во Лигата на шампионите.

Интер не успеа да ја помине групната фаза од елитното натпреварување. Последен пат во плеј-офот играл во сезоната 2011/2012.

Во Серија А тимот е трет со 29 бода по 15 круга и 14 бодови зад лидерот Јувентус.

Еден од можните кандидати за функцијата тренер на Интер е Антонио Конте, но се спомуваат и имињата на Диего Симеоне и Жозе Мурињо.

Коронавирус