понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 78
home Фудбал

Спалети: Елмас е прекрасна личност, посебен е и секогаш има насмевка на лицето

Спалети: Елмас е прекрасна личност, посебен е и секогаш има насмевка на лицето

Наполи ќе се обиде да се врати на победнички пат на дербито против Лацио. Лидерот на табелата во Серија А две кола во низа не знае за позитивен резултат.

Тренерот Лучијано Спалети одвои време од најавата за овој меч да зборува за Ељиф Елмас. Италијанскиот стручњак имаше само комплименти за нашиот репрезентативец.

„Елмас е посебен во однос на останатите. Тој секогаш има насмевка на лицето. Понекогаш не му давам шанса пред другите, но неговиот став не се менува. Не е како некои други и не се однесува поинаку кога ќе го оставам на клупата за резерви. Тој може да игра на било која позиција, но во средината од теренот е онаму каде што може да биде најопасен. Но, најважно е што е прекрасна личност“, вели 62-годишникот.

Елмас одигра 13 меча во италијанското првенство оваа сезона. Засега има учинок од еден погодок и асистенција во дресот на тимот од Неапол.

Доаѓањето на Спалети беше позитивна работа за македонскиот талент. Тој добива далеку повисока минутажа, во однос на онаа која ја уживаше кај Џенаро Гатузо.

Коронавирус