четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Фудбал

СП: Спектакуларен погодок на Митровиќ, Пикси дебитираше со победа (ВИДЕО)

СП: Спектакуларен погодок на Митровиќ, Пикси дебитираше со победа (ВИДЕО)

Драган Стојковиќ-Пикси дебитираше со победа на селекторската позиција во српската фудбалска селекција, откако неговите избраници со 3-2 (1-1) ја совладаа Република Ирска.

„Орлите“ до триумфот на стартот од квалификациите за Мундијалот во Катар стигнаа со пресврт во режија на Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Душан Тадиќ.

Влаховиќ уште во првиот дел ја анулираше предноста на гостите, а Митровиќ со два погодоци во второто полувреме од кој еден беше спектакуларен донесе водство 3-1.

Ништо од ова немаше да биде, ако Тадиќ не беше ниво и не поделеше три асистенции до соиграчите.

Ирците во финишот намалија на 3-2, резултат кој се покажа како конечен на крајот.

Коронавирус