четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 150
home Фудбал

СП ја зема првата жртва: Младо момче се самоуби поради дебаклот на Аргентина! (ФОТО)

СП ја зема првата жртва: Младо момче се самоуби поради дебаклот на Аргентина! (ФОТО)

Мундијалот во Русија ја зема првата жртва и тоа во Индија, каде навивач на Аргентина се самоубил поради дебаклот од Хрватска (0-3).

Дину Алекс бил голем навивач на Аргентина, најмногу поради Меси и тој се самоубил откако „коцкестите“ ја размонтираа Аргентина и ја донесоа на работ на елиминација од Светското првенство во Русија.

Полицијата неколку денови трагала по исчезнатиот Алекс, откако родителите го пријавиле за исчезнат. Тој се одалечил во непознат правец откако со семејството го гледал мечот, а семејството помислило на најлошото, кога ја нашле пораката која ја напишал по поразот дека „нема причина за што понатаму да живее“. Телото на 30-годишниот Алекс од селото Аруманор било пронајдено во блиската река, а полицијата смета дека тој скокнал од мостот и се удавил.

Таткото на Дину изјавил дека неговиот син бил голем обожавател на Меси и дека причина за самоубиството е што Меси и Аргентина очајно играле и освоиле само еден бод од два меча. А, фактот што поради тоа „гаучосите“ се нашле на раб на елиминација го дотолчило.

„Плачеше по мечот и го исклучи мобилниот“, открило семејството.

Неговите пријатели изјавиле во полиција дека Дину бил убеден дека Аргентина ќе стигне далеку во Русија, па дури и дека ќе ја освои светската титула.

За Меси инаку ова СП е веројатно последната шанса да стане светски првак, откако пред четири години во финалето не успеа да го освои трофејот. Аргентина загутре го игра клучниот меч со Нигерија и мора да победи, а патем чека и помош од Хрватска да не загуби од Исланд за да може по полесен пат да ја мине групната фаза.

ИЗВОР-СПОРТ1

Коронавирус