четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 157
home Фудбал

СП 2018: Уругвај во финишот го совлада Египет

СП 2018: Уругвај во финишот го совлада Египет

Уругвај го совлада Египет со минимални 1:0, благодарение на голот на Хозе Хименез постигнат во 90-та минута од натпреварот.

На средбата од А групата, одиграна во Екатеринбург, Уругвајците постојано ја имаа иницијативата и неколку пати посериозно се заканија преку тандемот Луис Суарез- Единсон Кавани.

Египет речиси целиот натпревар успеваше да одолее на нападите, но претрпе пораз со гол примен во самиот финиш од средбата.

За египетската репрезентација денеска не играше повредениот Мохамед Салах, кој остана на клупата за резервни фудбалери до крајот на натпреварот.

Коронавирус