сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 9
home Фудбал

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафиналето

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафиналето

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода.

Коронавирус