среда, 24. октомври 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

СП 2018: Јеро го вклучи Карвахал во конечниот список за Мундијалот

СП 2018: Јеро го вклучи Карвахал во конечниот список за Мундијалот

Новиот селектор на Шпанија, Фернандо Јеро одлучи да го вклучи Даниел Карвахал во конечниот список за Мундијалот.

Десниот дефанзивец на Реал Мадрид се опоравува од повредата и досега во кампот на „Фуријата“ чекаа да видат дали тој ќе биде подготвен за учество. За таа цел со групата од 23 играчи кои во принцип си беа селектирани, се подготвуваа уште двајца – Родри и Хесус Ваљехо, а идејата беше некој од нив да го замени Карвахал по потреба.

Во принцип ФИФА дозволува да се направи една промена до 24 часа пред првиот натпревар на тимот, но само кога станува збор за повреда.

На крајот Карвахал останува, а новиот фудбалер на Атлетико Мадрид и дефанзивецот на Реал Мадрид се прибираат во Шпанија.

Светските шампиони од 2010 година стартуваат битката во Русија со дерби со Португалија утре од 20:00 часот.

МИА