недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Сопругата на хрватскиот селектор откри непознати детали во јавноста за Далиќ- „Го молеше мојот директор да ми даде отказ“

Сопругата на хрватскиот селектор откри непознати детали во јавноста за Далиќ- „Го молеше мојот директор да ми даде отказ“

Сопругата на селекторот на Хрватска Даворка Далиќ за хрватските медиуми откри досега непознати детали од приватниот живот на Златко Далиќ.

Откако репрезентацијата на Хрватска избори финале на СП во Русија, целиот свет масовно започна да се интересира за Хрватска како земја, народот, фудбалерите и нивниот селектор.

-На денот на мечевите ништо не јадам, со никого не разговарам, не користам мобилен телефон и не одговарам на пораките. Кој ми е близок знае дека тогаш не функционирам како нормален човек, па не ми се јавуваат, вели Далиќ во едно интервју за хрватските медиуми Далиќ.

Но, неговата сопруга Даворка Далиќ со која ја прослави сребрената свадба откри детаљ кој ги изненади сите.

-Само што нашиот син Тони наполни две години јас се вработив, а него го запишавме во градинка, а како и сите деца тој требаше со неговите родители да присуствува на приредба. Откако никој не ни излезе во пресрет од семејството, се одлучивме да ја ризикуваме мојата кариера. Директорот до ден денес ја раскажува случката дека Златко му бил првиот човек што го молел да и даде отказ на неговата сопруга, вели Даворка.

Коронавирус