среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Фудбал

Сон му испратил СМС-порака на Андре Гомез, еве што му напиша

Сон му испратил СМС-порака на Андре Гомез, еве што му напиша

Хјонг Мин Сон, корејскиот фудбалер кој настапува за Тотенхем, откри дека му испратил СМС-порака на Андре Гомез, фудбалерот од Евертон кој се здоби со повреда за време на нивен дуел во Премиер лигата.

Сон невнимателно стартуваше одзади, а Гомез при падот ја скрши ногата. За него сезоната е готова, а Кореецот истакна дека длабоко жали за тоа и дека му испратил СМС-порака на Португалецот да му се извини.

„Му испратив порака на Гомез пред да одам во Белград. Ми врати веднаш. Се уште се чувствувам многу лошо и многу ми е жал. Фудбалот е спорт во кој има вакви ситуации, но никој не сака да е дел од нив. Жалам затоа што мене ми се случи такво нешто и што повредив одличен фудбалер.

Во СМС-пораката му го напишав следново – „Се најдобро, Андре. Многу ми е жал за тебе, за твоето семејство и за твоите соиграчи“. Тој ми врати назад, но не сакам јавно да зборувам што тој ми рече во неговата порака“, изјави Сон.

Фудбалерот на Тотенхем направи голем гест за време на натпреварот во Белград, кога по вториот гол, пред камерата јавно побара извинување од Гомез затоа што го повреди.

извор: gol.mk