вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 67
home Фудбал

Солскјер заминува, Покетино нов тренер на Јунајтед?

Солскјер заминува, Покетино нов тренер на Јунајтед?

Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино може да го предводи Манчестер јунајтед следната сезона, јавува новинарот Алфредо Педула на својата веб-страница. Аргентинскиот специјалист веќе имал контакт со раководството на тимот од „Олд Трафорд“.

Покетино би сакал да добие контрола над трансферите. Преговорите со него сè уште не се одржани.

Друг кандидат за тренерското место е Масимилијано Алегри, кој го напушти Јувентус на крајот на минатата сезона.

Манчестер јунајтед, под водство на сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер, по 23 кола го зазема петтото место на табелата во Премиер лигата. Од „Зоната на Лигата на шампионите“ го делат пет бода.