сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 52
home Фудбал

Солскјер во одбрана на Лингард: Ниту еден фудбалер не сака да греши, но тоа е дел од играта

Солскјер во одбрана на Лингард: Ниту еден фудбалер не сака да греши, но тоа е дел од играта

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, застана во одбрана на играчот од средниот ред на „Црвените ѓаволи“, Џеси Лингард, чија грешка резултираше со пораз од Јанг Бојс со 1:2 во натпреварот од 1. коло од групната Лига на шампиони.

– Ниту еден фудбалер не сака да греши, но тоа е дел од играта. Ќе учиме од ова, Џеси ќе учи од ова. Ќе се снајде и ќе биде подготвен до недела, кога играме со Вест Хем во Премиер лигата, го цитира Би-би-си, Солскјер.

Во петтата минута од судиското надополнување на натпреварот против Јанг Бојс одигран вчеравечер, при резултат 1:1, Лингард имаше неуспешно додавање пред својот гол, а неговата грешка ја искористи напаѓачот на швајцарскиот тим Џордан Сибачо, кој го совлада голманот на Јунајтед, Давид де Хеа.

Коронавирус