вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер со прва изјава по назначувањето: Убаво е да се вратам во оваа улога

Солскјер со прва изјава по назначувањето: Убаво е да се вратам во оваа улога

Оле Гунар Солскјер, кој беше назначен за вршител на должноста тренер на Манчестер јунајтед до крајот на оваа сезона, рече дека со нетрпение очекува да започне работа.

– Манчестер јунајтед е во моето срце, и убаво е да се вратам во оваа улога. Со нетрпение очекувам да започнам со работа со многу талентиран тим што го имаме, како и да соработувам со сите во клубот, вели Солскјер.

Тој ќе го наследи Жозе Мурињо на клупата на „црвените ѓаволи“ кој вчера доби отказ поради слаби резултати.

Како играч беше дел од тимот на „Олд Трафорд“ во периодот 1996-2007 година. Одигра 366 натпревари и постигна 126 голови.

Солскјер во 2008 година стана менаџер на резервниот тим на Манчестер, а потоа ја презема менаџерската улога во норвешки Молде.

МИА