сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер со честитка до Манчестер Сити: Сити е многу добар тим

Солскјер со честитка до Манчестер Сити: Сити е многу добар тим

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер на градскиот ривал Манчестер сити им ја честита новата шампионска титула во Премиер лигата. Веќе осма последователна сезона, Сити се подобри од Манчестер јунајтед во поредокот.

Јунајтед синоќа загуби на домашен терен од Лестер и со тоа остана и без теоретски шанси да ги стигне „граѓаните“.

– Го бркавме Манчестер Сити до крајот на сезоната. Ова е многу добро достигнување затоа што Сити е многу добар тим. Тие се достојни шампиони. Морам да им честитам, бидејќи одиграа фантастични натпревари оваа сезона и заслужено се прваци, истакна Солскјер по поразот од Лестер.
Манчестер сити стана шампион на Англија во сезоната 2020/21 три кола пред предвидениот рок. За граѓаните ова е петта титула во Премиер лигата и трета во последните четири години.

Исто така Сити двапати стана шампион на Англија пред формирањето на Премиер лигата (1936/37, 1967/68). (МИА)

Коронавирус