четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 147
home Фудбал

Солскјер: Секој играч на Јунајтед треба да ја добие својата шанса

Солскјер: Секој играч на Јунајтед треба да ја добие својата шанса

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека ќе му треба време да ги увиди можностите на сите играчи.

Тој истакна дека ќе даде шанса на секој да се докаже.

-Потребно ни е да покажеме резултати. Секој играч треба да знае дека ќе ја добие својата шанса. Природата на играта и календарот во Англија е таква што сега ни е потребна целата моќ. Мојата задача е да ги набљудувам играчите, да ги научам, да го оценам квалитетот. Се разбира, гледав натпревари од МЈ од Норвешка, кога имав слободно време. Но сега морам да ги запознам сите играчи и да дознам како да ја подобрам играта на тимот, изјави Солскјер.

Норвежанецот е поставен на тренерската функција во Манчестер јунајтед на местото на отпуштениот Жозе Мурињо кој не ги задоволи очекувањата на раководството и навивачите на англискиот фудбалски великан.

Коронавирус