недела, 9. август 2020. Вести денес: 73
home Фудбал

Солскјер: Се гледа кога Гринвуд игра на Плејстејшн до доцна во ноќта

Солскјер: Се гледа кога Гринвуд игра на Плејстејшн до доцна во ноќта

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се шегуваше дека знае кога младата sвезда на тимот Мејсон Гринвуд останал до доцна во ноќта да игра на својот Плејстејшн.

Напаѓачот успеа да го запише својот 17-ти гол во сезоната на натпреварот против Вест Хем, со што обезбеди бод за неговиот тим. Со овој гол, тој стана само четвртиот играч во историјата на „црвените ѓаволи“ кој постигна толку многу голови за само една сезона на оваа возраст.

Солскјер повторно не го криеше восхитот кон играчот.

– Мејсон … знаете, очигледно е кога спиел добро и кога останал доцна да игра на својот Плејстејшн, бидејќи тој не ја погодува топката толку добро на тренинзите следниот ден. Но, она што го стори денес (вчера), тој го прави тоа одново и одново, и кога вежбаме завршен удар, можете да видите колку е исклучителен напаѓач. Не е изненадување кога успева да постигне гол. Претпоставувам дека сум ги потрошил сите суперлативи за него затоа што тој е навистина добар напаѓач. Тој нè спаси неколку пати. Тој го стори тоа повторно и тој е апсолутно играч од највисока клса, откако му дадовме шанса против Кардиф во нашиот последен натпревар минатата сезона. Гринвуд расте и неговата доверба расте, тој верува во себе си, неговиот талент, неговите квалитети и неговите вештини и работи на највисоко ниво, изјави Солскјер по мечот со „чеканите“.

Осумнаесет годишниот Гринвуд беше прецизен 10 пати на 30 натпревари во Премиер лигата и има 1 асистенција. (МИА)

Коронавирус