вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 161
home Фудбал

Солскјер потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Солскјер потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Норвешкиот менаџер останува верен на клубот од „Олд Трафорд“, денеска официјално од таму информираат дека Оле Гунар Солскјер потпиша нов договор.

Соработката меѓу двете страни ќе трае до 2024 година, со опција истата биде продолжена на уште една година.

– Сите го знаат чувството кое го имам за овој клуб и задоволен сум што го потпишав новиот договор. Ова е возбудливо време за Манчестер јуанјтед, изградивме тим со добар баланс на млади и искусни играчи кои се гладни за успех – се зборовите на Солскјер за клупскиот сајт.

Минатата сезона со клубот успеа да стигне до финалето во Лига Европа во кое беше поразен од Виљареал.

Во текот на вчерашниот ден „црвените ѓаволи“ го промовираа новото летно засилување кое доаѓа од редовите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Коронавирус