вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер останува тренер на Јунајтед, раководството со целосна поддршка за тренерот

Солскјер останува тренер на Јунајтед, раководството со целосна поддршка за тренерот

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер нема да биде отпуштен од работа, пренесува „Дејли меил“.

Според британскиот весник, 46-годишниот Норвежанец ужива целосна поддршка кај одборот на директори и американските сопственици, и покрај најлошиот почеток на тимот во последните 30 години.

Јунајтед досега на осум натпревари во Премиер лигата има само две победи.

Раководството се потпира на Солскјер на долг рок и планира да создаде нов тим под негово водство.

После осум кола Јунајтед има девет бода во Англиското фудбалско првенство и е само со два бода повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.