вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер објави што е потребно, за да остане во Јунајтед

Солскјер објави што е потребно, за да остане во Јунајтед

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер откри што треба да се случи, за да ја добие функцијата за постојано. Норвежанецот го презеде тимот по разрешувањето на Жозе Мурињо, а неговиот договор е до крајот на сезоната.

Самиот Солскјер има желба да остане трајно на „Олд Трафорд“, но извршниот директор на „црвените ѓаволи“ Ед Вудворд напорно бара тренер за кампањата 2019/20. Младиот тренер посочи дека решавачко за неговата иднина ќе биде фудбалот, кој тимот ќе го игра до крајот на оваа сезона.

– Што е потребно за да останам во клубот? Ова летото луѓето да зборуваат за начинот на кој игра Манчестер Јунајтед. Овој стил, кој гопрактикуваме сега, нè потсетува за тимот на Сер Алекс. Тој нè потсетува за успешните времиња. Сè треба да почнува со тоа како играш, бидејќи резултатите не можат да бидат контролирани. Можеш да го контролираш својот однос кон играта и својот стил на игра. Се разбира, трофеите се исто така важни. Би било одлично да стигнеме до финалето на ФА Купот или да освоиме некој трофеј. Ќе видиме во мај дали ќе бидам успешен или не, изјави Норвежанецот, цитиран од „Ивнинг Стандард“.