сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер ја честиташе титулата на Ливерпул

Солскјер ја честиташе титулата на Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер му го честиташе на вечниот ривал Ливерпул за долгоочекуваниот триумф во Премиер лигата, но призна дека да го гледа ова било „болно“.

„Црвените“ беа крунисани шампиони за прв пат по 30 години, без притоа да играат во четвртокот по успехот на Челси над поранешниот шампион Манчестер Сити. 19-тата круна на „црвените“, која предизвика големо славје пред нивниот дом „Енфилд“, ги остави на една од рекордот на Јунајтед.

– Пред сè, секој тим кој ја освојува титулата во Премиер Лигата го заслужува тоа и заслужува почит. Тешко е да се освои првенството, па честитки до Јирген Клоп и неговите играчи. За мене, секој пат кога ќе видам некој друг како ја крева титулата, боли. Мислам дека тоа е чувството на сите кај Манчестер Јунајтед – сите играчи, персонал и поддржувачи. Се разбира, сакаме да се вратиме на победничкиот пат и на титулите, ова е предизвик пред нас“, започна шесткратбиот шампион со тимот како играч, на денешната прес-конференција.

Тој се надева дека триумфот во ФА Купот би можел да доведе до иден успех, со тоа што „црвените ѓаволи“ патуваат во Норвич во сабота за натпревар од четвртфиналето од турнирот. Јунајтед е на петтото место во Премиер лигата, сè уште се бори за место во Лигата на шампионите следната година, и се виртуелно во четвртфиналето од Лигата на Европа.

– Мислам дека ФА Купот е фантастичен турнир – фантастично е да се игра финале и да се победи. За нашиот тим, кој е нов, освојувањето на овој куп може да отклучи иден успех, додаде тој.

Солскјер планира да го ротира својот состав на „Кероу Роуд“, а Џеси Лингард се очекува да стартува, откако не играше ниту една минута од рестартирањето на сезоната.

– Џеси се врати по карантинот со насмевка на лицето и многу енергија. За жал, минатата недела тој се разболе за неколку дена, но ги направивме сите потребни тестови и тој е во ред, па ќе биде вклучен против Норвич – се надевам дека ќе ни помогне да се пласираме во полуфиналето, заклучи норвешкиот стручњакот. (МИА)

Коронавирус