сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер: Имам визија за тоа што ќе биде со МЈ во следните неколку години

Солскјер: Имам визија за тоа што ќе биде со МЈ во следните неколку години

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскер, истакна дека со раководството на клубот ја сподели својата визија за иднината на Манчестер јунајтед.

Претходно беше објавено дека на Норвежанецот му е предложено да го продолжи договорот кој истекува на крајот од сезоната.

– Секој ден чувствувам дека му помагам на клубот и оставам свој белег, но одлуката за иднината на играчите не зависи од мене. Самите играчи одлучуваат дали сакаат да останат или да си заминат. Ја искажав мојата визија за она што го сакам за клубот во наредните години. Треба да размислиме за иднината и за сегашноста. Имам идеја за тоа како МЈ треба да изгледа за неколку години, изјави Солскјер.