недела, 9. август 2020. Вести денес: 78
home Фудбал

Солскјер: Да се ​​зборува за казната на Сити не е моја работа

Солскјер: Да се ​​зборува за казната на Сити не е моја работа

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го сподели своето мислење за укинувањето на дисквалификацијата на Манчестер сити во евро-куповите.

– Не е моја работа да зборувам за Манчестер сити и одлуката да им се укине казната. Оставам на другите да разговараат што е правилно, а што не. Моја задача е да размислувам за следниот меч на мојот тим и да ја подготвам екипата. Што се однесува до финансискиот фер-плеј, тој е потребен за да се одржи финансиската одржливост на клубовите. Мислам дека ова е важно. Покрај тоа, фер-плејот ни покажува кои правила треба да се следат, истакна Солскјер.

Претходно, укинување на казната на Манчестер сити како срамна ја оцени тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо. (MИА)

Коронавирус