среда, 4. август 2021. Вести денес: 75
home Фудбал

Солшер најде вистински партнер во одбраната за Мегваер

Солшер најде вистински партнер во одбраната за Мегваер

Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за стоперот на Вилјареал и шпанската репрезентација, Пау Торес.

Премиерлигашот веќе подолго време го следи Шпанецот, кој летово може да направи голем трансфер. Оле Гунар Солшер бара партнер во одбраната на Хери Мегваер, бидејќи Виктор Линделоф нема константност во играта и често прави киксови кои го чинат тимот драгоцени бодови.

Торес, кој има 24 години, сигурно нема да биде ефтин трансфер за Манчестер јунајтед, а неговата цена моментално изнесува преку 40 милиони евра. И други тимови од Премиерлигата се интересираат за Шпанецот, како Арсенал, Тотнем и Челси.

Коронавирус