вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 22
home Фудбал

Солари: Во Реал нема постојани стартери

Солари: Во Реал нема постојани стартери

Привремениот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари зборуваше пред медиумите пред дуелот од 11-тото коло на Ла Лига против Ваљадолид, кој ќе биде негово повторно деби на „Сантијаго Бернабеу“, по она како играч.

Во текот на неделата „белите“ го победија тимот на Мелија по 4:0 во средба од шеснаесетфиналето за Кралскиот Куп. Тоа беше и официјалното деби на Солари на чело на Реал.

– Задоволен сум од самодовербата и желбата за победа. Постигнавме 4 гола против Мелија. Работевме во текот на неделата со задоволство. Сакам да продолжиме така. Виничиус е еден од нас. Сите кои не се повредени, можно е да играат. Сите се исклучително добри фудбалери. Со различни искуства, освоени титули – ова е еден одличен тим. Нема постојани стартери. Бејл е одличен играч. Сакаме да ги покажува своите квалитети во секој натпревар, започна Аргентинецот.

Тој додаде дека тимот го очекува тежок натпревар против Ваљдолид.

– Ваљадолид е тим кој работи многу на теренот. Игра со агресија. Еден тежок и сериозен натпревар е пред нас. Ќе направам повторно деби на „Бернабеу“. Како играч беше неописливо. Апелирам за поддршка. Знам каква амбиција имаат сите тука. Желбата за победа тежи, но никогаш не го напушта овој клуб, изјави поранешниот играч на Реал Мадрид.

Солари изјави дека не знае дали ќе продолжи да го води тимот за постојано.

– Гледам само кон следниот натпревар, на него сум фокусиран. Би се чувствувал добро, ако останам. Би се радувал ако Реал продолжи да игра како тимовите, кои ја освоија Лигата на шампионите во изминатите години. Тимот кој ја освои „тринаесеттата“ треба да биде преоткриен, заклучи Аргентинецот.

МИА

Коронавирус