петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Соиграч на Пандев заразен со коронавирусот?

Соиграч на Пандев заразен со коронавирусот?

Соиграчот на нашиот Горан Пандев, Едоардо Голданига, тренира одвоено од тимот на Џенова поради постоње страв од актуелниот коронавирус.

Засега кај Голданига нема знаци за постоење на вирусот, но од клубот одлучиле да го изолираат од останатиот дел од тимот затоа што тој живее во Кодоњо, во општината Ломбардија каде во моментов има многу заразени од вирусот.

Голданига не покажува знаци на заболеност од коронавирус и врз него веќе се направени првични испитувања за да се покаже дали е позитивен на болеста.

Стравот од раширувањето на болеста ги натера луѓето од Џенова привремено да го изолираат дефанзивецот кој веројатно ќе го пропушти следниот меч на својот тим.

Коронавирус