петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 212
home Фудбал

Соиграч на Пандев постигна гол со шише во раката (ВИДЕО)

Соиграч на Пандев постигна гол со шише во раката (ВИДЕО)

Напаѓачот на Џенова, Матија Дестро вчеравечер постигна гол во натпреварот од 6. коло на италијанското првенство против Верона (3:3).

Триесетгодишниот Италијанец држејќи шише во левата рака, на асистенција на македонскиот фудбалер Горан Пандев, во 85. минута се запиша во листата на стрелците за во тој момент водство на Џенова со 3:2.

На крајот резултатот беше 3:3.

По овој меч, Џенова и Верона имаат по пет бода и ги заземаат 15, односно 14 место во Серија А.  (МИА)

Коронавирус