сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 38
home Фудбал

Социјалните мрежи горат: Кристијано Роналдо пристигнал во Торино?

Социјалните мрежи горат: Кристијано Роналдо пристигнал во Торино?

Кристијано Роналдо виден во Торино, вака велат информации кои се појавиле на социјалните мрежи.

Како во медиумите, така и на социјалните главна фудбалска тема е трансферот на најдобриот светски фудбалер последниве неколку години од Реал Мадрид во Јувентус. Според пишувања на социјалните мрежи во последниве неколку часа Кристијано Роналдо бил виден во Торино. Оваа информација сепак не е потврдена се уште, но веста многу брзо се шири, објавуваат италијанските медиуми.

Како стојат работите во овој момент, трансферот на Роналдо се уште не е готово, но од  час во час шансите да го облече црно- белиот дрес на клубот од Торино стануваат се поголеми.

Доказ дека договорот е блиску е и се поверојатниот трансфер на Гонзало Игуаин во Челзи, чија што понуда од 60 милиони евра, според медиумите, била прифатена од торинскиот клуб.

Коронавирус