недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 106
home Фудбал

Со ѕверски старт повреди млад фудбалер на Реал Мадрид, а не доби никаква казна!

Со ѕверски старт повреди млад фудбалер на Реал Мадрид, а не доби никаква казна!

Реал Мадрид го совлада тимот на Гранада со 4-1 и така ја задржа шансата во последните две кола да го престигне Атлетико Мадрид и да дојде до шампионската титула.

Тренерот Зинедин Зидан од правата минута му даде шанса на младиот 20-годишен Марвин Парк, играч од младинската школа на „кралевите“, но тој мораше да го напушти теренот поради тешка повреда.

Играчот на Гранада, Дарвин Махис со груб старт од зад грб го нагази Парк и му го повреди зглобот, поради што младиот фудбалер мораше да заврши во болница..

Се појавија и фотографии од грубиот старт на ривалот, но и од повредата, која воопшто не изгледа наивно и сигурно Парк ќе мора да паузира одреден период.

ЕУРО 2020

Македонија