петок, 30. јули 2021. Вести денес: 151
home Фудбал

Снајдер даде свое мислење околу шампионот на ЕП

Снајдер даде свое мислење околу шампионот на ЕП

Поранешниот фудбалер на Интер и Холандија, Весли Снајдер го даде своето мислење за Европското првенство.  Според Снајдер, најголем фаворит за трофејот на Европското првенство е Италија.

„За мене, Италија е најголем фаворит за титулата на Европското првенство. Играат неверојатен фудбал и јасно се гледа прогресот на Манчини“, кратко прокоментира Снајдер.

Со добрата игра во групите, Италија се искачи на скалилото на букмејкерите и сега е втор фаворит за трофејот по Франција.

Без примен гол на единаесет последователни натпревари, но и без пораз на 31 момците на Манчини имаат силни амбиции на турнирот.

Коронавирус