четврток, 18. октомври 2018. Вести денес: 115
home Фудбал

Словенецот Иличиќ на чекор од Интер

Словенецот Иличиќ на чекор од Интер

Тимот на Интер е блиску до финализирање на договорот за привлекување на офанзивниот играч од средниот ред Аталанта – Јосип Иличиќ. За да го остварат трансферот, „нероазурите“ ќе се разделат со двајца фудбалери од Примавера, тврди „Премиум Спорт“.

Иличиќ ќе помине медицинските прегледи во Интер следната недела, кога сезоната во Серија А ќе заврши. Словенечкиот репрезентативец се приклучи на Аталанта од Фиорентина минатото лето и запиша 15 гола и 10 асистенции во 40 натпревари.

Иличиќ ќе биде четврто ново засилување за тимот на Интер по Стефан де Фрај, Лаутаро Мартинез и Квадво Асамоа.