недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Фудбал

Славен фудбалер крвнички си ја претепал сопругата, казната веднаш го стигна (ВИДЕО)

Славен фудбалер крвнички си ја претепал сопругата, казната веднаш го стигна (ВИДЕО)

Голманот на Сао Пало, Хуан Пауло Фернандеш е уапсен на Флорида под обвинение дека ја претепал сопругата, откако таа објави видео на социјалните мрежи.

Милена Бемфика објави вознемирувачко видео на кое молеше за помош и бараше правда.

-Луѓе, во моментов сум во Орландо, а погледнете што ми направи Хуан. Може ли некој да ми помогне? Хуан ме удри. Сакам правда, а сега сум затворена во тоалет, порачала Милена во видео клипот.

Фернандеш веднаш бил приведен поради семејно насилство, а се огласи и неговиот клуб Сао Паоло кој не ја исклучи можноста да го избрка голманот поради срамниот потег.

Фернандеш е роден во 1995 година, а освен за Сао Пауло бранеше и за Бахија.

Коронавирус