понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 109
home Фудбал

Скомина ќе го суди финалето на ЛШ

Скомина ќе го суди финалето на ЛШ

Словенечкиот судија Дамир Скомина ќе раководи со финалето на Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Ливерпул, објави денеска од УЕФА.

Двата англиски тима ќе се соочат еден против друг на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 1 јуни од 21:00 часот по македонско време.

Четириесет и две годишниот Скомина е меѓународен судија од 2002-ра година и со ова назначување ќе направи своевиден европски „хет-трик“, бидејќи веќе го водел финалето на Лига Европа меѓу Ајакс и Манчестер Јунајтед пред две години и натпреварот за Суперкупот на Европа меѓу Челзи и Атлетико Мадрид во 2012 година.

Скомина ја извршуваше и функцијата на четвртиот судија за време на финалето на Лигата на Шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен во 2013-та година.

Оваа сезона словенечкиот судија водеше четири натпревари од најпрестижниот европски клупски турнир и два од Лигата на Европа. Во финалето во Мадрид негови помошници ќе бидат сонародниците Јуре Прапотник и Роберт Вукан, а четвртиот судија ќе биде Антонио Матеу Лопез од Шпанија.

Улогата на ВАР судија е доверена на Холанѓанецот Дени Макели, а неговите помошници ќе бидат Пол ван Бокел, Феликс Цвајер и Марк Борш