среда, 14. април 2021. Вести денес: 136
home Фудбал

Скендеровски: Бод со селекција од првиот барабан е еднаква на чудо

Скендеровски: Бод со селекција од првиот барабан е еднаква на чудо

Футсал-селекцијата на Македонија направи големо изненадување и во Врање одигра реми со Србија 1-1.

Сселекторот Васко Скендеровски изјави дека е презадоволен од прикажаното и бод со селекција од првиот шешир е рамен на чудо.

„Честитки за момците. Тие се најзаслужни за еден од најголемите резултати кој нашата футсал репрезентација го има постигнато во својата историја. Да се освои бод против една селекција која е од првиот барабан по квалитет, а ние од последниот, четврти и тоа на гостински терен е рамно на светско чудо. Навистина имавме и среќа, но таа ги следи храбрите. Не посочувам никој посебно, но голманот Петровски кој правеше чуда. А, еден човек има огромна заслуга, не беше на теренот, но беше до мене и навистина ни помогна многу со анализите, а тоа е Мато Станковиќ. Кога ќе се додаде дека на овој натпревар бевме без двајца играчи од стартната постава, Даниел Де Соуза и Ранготов, навистина сме многу горди како ја претставивме Македонија во Врање. Сега малку одмор и од утре треба да размислуваме за натпреварот во вторник против истиот противник. Вратите за пласман на ЕП ни се ширум отворени, сега треба паметно, да одиме чекор по чекор”, изјави Скендеровски.

Следен натпревар за Македонија е повторно со Србија, овој пат на домашен терен (9 март).

Коронавирус