петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Скапата ѕвезда на Барселона потпишува за Јувентус бесплатно

Скапата ѕвезда на Барселона потпишува за Јувентус бесплатно

Договорот на Осман Дембеле со Барселона истекува во 2022 година и од клубот имаа неколку неуспешни обиди да ја продолжат соработката.

Лапорта во неколку наврати се обидел да постигне договор со неговиот агент, но наишол на ѕид, па медиумите пишуваа дека Французинот има план следното лето да си замине без пари.

Денес „Мундо Депортиво“ открива дека Јувентус веќе работи на тој трансфер и испратил понуда до агентот на Дембеле.

„Старата дама“ му нуди на Дембеле петгодишен договор тежок 12 милиони евра по сезона или вкупно 60 милиони евра, а трансферот би се реализирал следното лето кога истекува неговиот договор со каталонскиот клуб.

Барселона ќе се обиде да избегне такво сценарио и да го продаде ова лето, но сепак последната одлука ќе ја има Дембеле.

Коронавирус