вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Фудбал

Скандал во Прилеп, Алиоски и семејството избркани од ресторан!

Скандал во Прилеп, Алиоски и семејството избркани од ресторан!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски реши да ја мине паузата во својот роден град Прилеп, но се најде во доста незгодна ситуација, затоа што со семејството беше избркан од еден од градските ресторани.

Алиоски достави допис до нашата редакција во кој вели дека влегол со еден од братучедите во прилепски ресторан, по што направиле нарачка. Кога дошло неговото семејство, вработените ги чуле дека разговараат на албански јазик, во случајов мајчин јазик на неговото семејство, па решиле да им кажат дека мора да заминат.

Фудбалерот бил фрапиран од односот на вработените кон него, со оглед дека е македонски репрезентативец и игра во дрес со државниот грб, а откако тие сфатиле кого го избркале, веќе било доцна.

Алиоски е револтиран од целата ситуација, а нормално, овој потег на прилепчани е за тотална осуда. Македонскиот фудбалер е по потекло од селото Црнилиште, но на една година заминал со семејството да живее во Швајцарија.