недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 71
home Фудбал

Скандал во Хрватска: Најдобриот судија претепан пред ноќен клуб!

Скандал во Хрватска: Најдобриот судија претепан пред ноќен клуб!

Голем скандал ја потресе Хрватска, актуелниот светски вицешампион, откако најдобриот судија во оваа земја Иван Бебек бил претепан синоќа на паркингот пред ноќен клуб во Сињ.

Бебек беше главен судија на вчерашниот меч на „Пољуд“ во Сплит помеѓу Хајдук и Локомотива Загреб (3-0), а после завршувањето на мечот заминал во Сињ и таму излегол во ноќен клуб, кога добил и ќотек, засега од неразјаснети причини.

Како што објави порталот „Индекс“, Бебек го нападнале неколку лица на паркингот, а сѐ почнало во ноќниот клуб, кога имало вербална расправија со напаѓачите, по што судијата побарал од обезбедувањето да припази на него и на неговите пријатели. Но, откако го напуштиле клубот, Бебек тргнал кон паркингот и тука бил пресретнат, а по вербалните закани, му се пуштиле го турнале на земја и почнале да да го тепаат.

Неофицијално, низ јавноста веќе струи информација дека зад нападот стои сплитска „Торцида“.