понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 38
home Фудбал

Скандал во Барселона: Црниот дроб за Абидал клубот го купил „на црно“

Скандал во Барселона: Црниот дроб за Абидал клубот го купил „на црно“

Барселна црниот дроб за Ерик Абидал го купилa „на црно“, пренесува „El Confidencial“ повикувајќи се на информации до кои дошла шпанската полиција.

Силите на редот наводно пресретнале најмалку четири телефонски повици кои ги водел поранешниот претседател на клубот, Сандро Росељ со непозната личност.

Во тие разговори се споменува дека црниот дроб за Абидал е набавен на илегален начин. Дефанзивецот играше за Барселона, а во почетокот на јуни ја презеде функцијата технички секретар.

Официјалната приказна беше дека црниот дроб го донирал роднина на Абидал по име Жерар. Тој пред шест години мораше на трансплантација откако на органот му се врати туморот кој претходно беше хируршки отстранет.

Самиот Абидал пред враќањето на теренот пред пет години, а по 13 месеци надвор од теренот, му се заблагодари на роднината потенцирајќи дека без него „не би стоел тука“.

Французинот играше за Барселона од 2007. до 2013. година.

Коронавирус