четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Скандал ги стопира прегворите меѓу Баерн и Алаба

Скандал ги стопира прегворите меѓу Баерн и Алаба

Разговорите за обновување на договорот на Давид Алаба со Баерн (Минхен) се прекинати, барем привремено, откако позициите на двете страни се разминуваат, тврди „Спорт Билд“.

За време на последната средба помеѓу агентот на фудбалерот Пини Захави и спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ, избувнал скандал поради големите барања на играчот.

Австриецот инсистира на зголемување на платата на 20 милиони евра, што би била највисока во тимот. Сепак, Салихамиџиќ, категорично ја отфрлил желбата, вербално го нападнал менаџерот, велејќи дека не сфаќа во каков свет живеел.

Захави и Алаба се во силна позиција затоа што договорот на дефанзивецот истекува за 11 месеци, а многу клубови се подготвени да го привлечат. Агентот се заканил дека неговиот клиент ќе замине на слободен трансфер, што не било добро прифатено од Баерн.

Капитенот на германскиот шампион Мануел Нојер исто така инсистираше на тоа да зема по 20 милиони евра, но раководството не ја исполнило неговата желба, но сепак двете страни се договорија и ја продолжија соработката.

За споредба, Серхио Рамос зема 12 милиони евра годишно во Реал Мадрид, а Ливерпул му дава на Вирџил ван Дајк 10 милиони.

Коронавирус