петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 193
home Фудбал

Скај Спорт: Реал Мадрид се откажа од Мбапе

Скај Спорт: Реал Мадрид се откажа од Мбапе

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид веќе неколку денови се обидува да го добие потписот на францускиот напаѓач Килијан Мбапе, но никако не успева поради барањата на управата на ПСЖ, кој веќе одби неколку богати понуди од шпанскиот гигант, а на последната од 200 милиони евра не даде никаков одговор, по што ги налутија „кралевите“ кои се повлекле од преговорите според информациите на „Скај Спортс“.

Шпанскиот гигант претходно испрати понуда од 170 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, но таа беше одбиена од страна на парижаните, кои побараа 200 милиони евра.

„Кралевите“ почекаа пред да ја сменат нивната понуда, односно му понудија на францускиот гигант 170 милиони евра веднаш и 30 милиони евра преку бонуси, но ПСЖ не одговори на последната понуда и тоа го изнервира претседателот на Реал, Флорентино Перез кој решил да ги прекине преговорите.

Ова би можело да биде голем проблем за „светците“ кои имаат договор со Мбапе до следното лето, а Французинот веќе неколку пати одби да ја продолжи соработката со нив, па би можеле да го загубат целосно бесплатно.

 

 

Локални избори 2021