сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 16
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Фудбал

Сити се врати на минус четири во однос на Ливерпул

Сити се врати на минус четири во однос на Ливерпул

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити забележа убедлива победа со 3:0 синоќа во последниот натпревар од 22.коло на Премиер лигата.

По овој триумф „граѓаните“ повторно се на четири бода негатива во однос на лидерот Ливерпул, а тренерот Пеп Гвардиола се надева дека и најголемиот ривал за трофејот до крајот на првенството може да направи некој „кикс“.

-Наше е да одиграме максимално и да освојуваме што повеќе бодови. Можеби и Ливерпул ќе погреши негде. Ако не згрешат ќе бидат шампиони. Ние во досегашниот дел од сезоната бевме одлични, а тие се тим кој одигра малку подобро од нас. До крајот има уште доста да се игра и на располагање се многу бодови, останува да се види каков ќе биде конечниот исход од трката за титулата, изјави Гвардиола.

По 22 кола во најквалитетната фудбалска лига на Англија, Ливерпул е прв со 57 бода, Манчестер сити има 53, Тотенхем 48, Челзи 47, Арсенал 41, Манчестер Јунајтед 41,…

Коронавирус