петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Фудбал

Сити, ПСЖ, Спортинг, Реал и Интер изборија осминафинале во Лигата на шампионите

Сити, ПСЖ, Спортинг, Реал и Интер изборија осминафинале во Лигата на шампионите

По одигрувањето на натпреварите синоќа во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, познати се неколку учесници во плејофот.

Манчестер Сити го победи ПСЖ (2:1), стигна до 12 бода и се зацврсти на првото место во групата А. Парижаните и покрај поразот ја поминуваат групата како второпласирани. За Лајпциг и Клуб Бриж кои имаат по четири бода овие екипи останаа недостижни.

Лисабонскиот Спортинг ја победи Борусија Дортмунд (3:1) и си го обезбеди второто место во групата Ц. Спортинг има девет бода, Борусија – шест, но во меѓусебните средби португалскиот клуб е во предност – 3:1 дома, 0:1 на гости.

Осминафиналисти станаа и Реал и Интер. Реал го победи Шериф (3:0) и освои 12 бода, Интер има 10 поени благодарение на победата над Шахтјор (2:0) и е на второто место. Шериф (шест бода) и Шахтјор (еден бод) повеќе нема да можат да стигнат до второто место.

Коронавирус