недела, 25. јули 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Сити против Тотенхем во дербито на отворањето на новата премиерлигашка сезона

Сити против Тотенхем во дербито на отворањето на новата премиерлигашка сезона

Бранителот на шампионскиот трофеј во англиската Премиер лига, на стартот на сезоната 2021/22 ќе се сретне со Тотенхем. Овој меч е дерби на првото коло.

Сити со Ливерпул ќе игра на 2 октомври на гости и на 9 април 2022 година на домашен терен. На 6 ноември „граѓаните“ ќе одат на гости кај Манчестер јунајтед, на 5 март ќе се одигра натпревар на стадионот „Етихад“.

Ливерпул и Манчестер јунајтед ќе играат во Манчестер на 23 октомври, реваншот е на 19 март.

Распоред на натпревари од 1. коло на Премиер лигата, кое започнува на 14 август:
Брентфорд – Арсенал
Барнли – Брајтон
Челзи – Кристал Палас
Евертон – Саутемптон
Лестер – Вулверхемптон
Манчестер јунајтед – Лидс
Њукасл – Вест Хем
Норич – Ливерпул
Тотенхем – Манчестер сити
Вотфорд – Астон Вила.

Коронавирус