четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Сити му подава рака на слободниот Алвеш?

Сити му подава рака на слободниот Алвеш?

Бразилецот Дани Алвеш може да се пресели во Манчестер Сити како слободен агент, вели „Глобо Еспорте“.

Тој моментално нема тим откако го прекина својот однос со ПСЖ и е во процес на барање на следниот фудбалски предизвик.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола добро го познава и верува дека може да заврши одлична работа со своето големо искуство.

Во последната сезона тој зеде учество во 34 натпревари и постигна 3 гола за францускиот шампион.

И покрај тоа што тој е во многу напредна фудбалска возраст, тој воопшто не отстапува од помладите играчи и тоа го докажа во ПСЖ. (МИА)