четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 60
home Фудбал

Сити ја одреди сумата за Стерлинг

Сити ја одреди сумата за Стерлинг

Крилото на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг веќе некое време го истакнува незадоволството од статусот кој го има во таборот на „граѓаните“. Тој пред неколку дена кажа дека сака да игра повеќе, што отвори шпекулации дека ќе си замине.

Барселона е сериозно заинтересирана за него, па Сити ја одредил сумата за која ќе го пушти англискиот репрезентативец да си оди.

Според информациите, „граѓаните“ ќе бараат 80 милиони евра (68 милиони фунти) за услугите на Стерлинг.

Барса ќе се обиде уште во зима да дојде до услугите на Стерлинг.

Коронавирус