недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Фудбал

Сити ги прекина преговорите со Фернандињо

Сити ги прекина преговорите со Фернандињо

Манчестер сити ги прекина преговорите за нов договор со фудбалерот од средниот ред Фернандињо. Сегашниот договор на 34-годишниот Бразилец истекува наредното лето, пренесува „Гардијан“.

Претходно, тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола изјави дека смета на играчот и има намера да го користи како централен дефанзивец.

Оваа сезона, Фернандињо има 10 натпревари во Премиер лигата.